ФИТР: Започнува воспоставување на „MAKERSPACE“ лабаратории за истражување, креативност и иновации

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Вчера во Фондот за иновации и технолишки развој се потпишаа договорите за спроведување на четирите проекти на: Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, Универзитетот во Тетово и Здружение на граѓани „Македонско биолошко друштво” Скопје, кои се одбрани за кофинансирање во рамките на „Предизвик за воспоставување на лаборатории истражување, креативност и иновации MakerSpace”.

Со воспоставување на четирите нови лабаратории, младите истражувачи и креативци од денеска добиваат нови современи лабаратории опремени со најнова технологија и опрема, каде ќе можат слободно да работат на своите иновации и креативни решенија. Овие лабаратории ќе претставуваат отворен простор каде младите ќе имаат можност да соработуваат со приватниот сектор, високообразовните и научни установи, бизнис и невладиниот сектор.

„Навистина ме радува што најновата инвестиција на ФИТР претставува голем чекор за македонското образование и наука, бидејќи од денес младите иноватори од целата држава ќе имаат можност своите иновации и вештини да ги развиваат во нови и подобри услови. ФИТР како институција се фокусира на поддршка на иноваторите и претприемачите и континуирано работиме кон создавање на подобри услови за младите да имаат можност да ги стекнат неопходните вештини и искуства токму тука, во нашата земја. Со овој тип на активности, ФИТР значително придонесува кон воспоставувањето на четворен хеликс систем кој подразбира блиска соработка помеѓу академската заедница, индустрија, граѓанскиот сектор и јавниот сектор. Оваа соработка ќе овозможи подобро искористување на иновациските потенцијали во сите општествени сегменти и подобри услови за младите да ги унапредат своите вештини и потенцијал “, посочи Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Предизвикот MAKERSPACE претставува продолжение на пилот проектот FAB LABS преку кој создадовме механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип на лаборатории. Преку овој предизвик, ФИТР со финансиска поддршка од 12 милиони денари ги поддржа трите проекти: ЦИРКО, ФЕИТ и ИНО ТЕХ КЛУБ ШТИП, кои веќе ги отворија вратите на младите истражувачи да работат на своите иновативни решенија.

Лабараторијата „Architecture craft lab (Fumihiko Maki)” е проект на Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел да поттикне напредни истражувања поврзани со архитектонски дизајн, урбан дизајн, визуелизација на податоци, материјализација и дигитална изработка. Лабораторијата ќе претставува платформа за соработка помеѓу различните дисциплини на факултетот, поврзувајќи ја науката и уметноста преку експериментирање. Лабараторијата ќе биде отворена за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, односно студентите од Факултетот за Современи науки и технологии, како и други заинтересирани страни, вклучувајќи ги и средношколците, инспирирани да ги откријат придобивките од областа.

Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ќе ја воспостави лабараторијата за истражување, креирање и иновативност „UGD Makerspace”, во која младите од 15 до 29 години, без разлика на нивниот статус, ќе добијат бесплатен пристап донајсовремена технологија и менторска помош, за да може да ги дизајнираат, развиваат и тестираат своите идеи до добивање на прототип. Лабараторијата „UGD Makerspace” ќе спроведува неколку програми: организирање на квалитетна и прилагодена пред-инкубаторска програма, програма MakeIt Talent, програма MakeIT BakeIT, програма MakeIT Equal. Лабараторијата ќе се фокусира кон неколку приоритетни сектори на интерес и тоа: поттикнување на иновации и циркуларна економија во рамките на индустријата за производство, pоттикнување на иновации и зајакнување на циркуларната економија во секторот за AgriTech, поттикнување на иновации во секторот на мониторинг и заштита на животната средина и работната околина.

Лабараторијата за сајбер безбедност и дигитална форензика ќе ја воспостави Универзитетот во Тетово, која ќе симулира професионална околина за дигитална форензика и сајбер безбедност и ќе биде опремена со опрема потребна за обезбедување и анализа на дигитални докази, без оставање трага од извршената анализа. Со овој проект ќе се едуцираат младите да спроведуваат форензички истраги на дигитални уреди со цел подобрување на безбедноста, да спречат злоупотреби во рамки на една компанија, да спроведуваат истраги на поранешни вработени, кражба на интелектуална сопственост, заканувачки е-маил пораки и сл.

Здружението на граѓани „Македонско биолошко друштво” од Скопје ќе ја формира „Bio Maker Space” лабараторијата, која ќе биде концепирана како мултидисциплинарерн комплекс, дизајниран да обезбеди комуникација помеѓу поединци и тимови и ќе овозможи стратешко споделување на опрема со цел да се забрза процесот на истражување, добивање нови сознанија и нивно презентирање. Лабараторијата ќе се фокусира на следните области: биоинженерство, 3D (био) печатење, продукција на храна со користење на in vitro технологија, истражување на метаболизмот на различни организми, екотоксикологија, електрофизиологија, молекуларна биологија, техники и постапки за in vitro култура на клетки и ткива.

Слични содржини