Физички ја нападнал својата мајка, па со остар предмет посегнал по полицијата

од Берта Китинска
233 прегледи

Вчера во 21.10 во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц. од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а се обидел и со остар предмет да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.