229
ФК Работнички утрово информираше дека спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски.
Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери.
Во исто време од ФК Работнички пренесуват деак за нов шеф на стручниот штаб го именуваа Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков.
Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.