Kнут Флекенштајн, германски пратеник во Европскиот парламент, во интервју за Нова ТВ одговара на прашањата за тоа како смета дека кризата во Македонија може и треба да се реши.
Неговата мисија на враќање на опозицијата во парламентот во Албанија која тој, заедно со неговиот колега Словакот Едвард Кукан од Европската народна партија, успешно ја заврши, беше мотив поради кој комесарот Јоханес Хан предлага слична мисија во Македонија.
НОВА: Комесарот Јоханес Хан бара добра опција, како што најави самиот, за решавање на кризата во Македонија. Тој го спомна Европскиот парлемент, вас и г-дин Кукан, како можни посредници. Ќе одговорите ли на оваа задача и како ?
Флекенштајн: Ќе разговарам со комесарот Хан. Се работи, пред сè, за тоа што ние двајцата бевме доста успешни во Албанија. Тој тоа не го предлага затоа што ние двајцата парламентарци сме многу мудри, туку станува збор за тоа двете страни да имаат луѓе од својата политичка фамилија до нив и дека може да се води до отворена дискусија и да се најде решение.
НОВА: Што мислите за снимањето на приватни разговори?
Флекенштајн: Тоа не е добро. Во мојата земја тоа е забрането. Прво, не е добро да се снима а втора работа е, според мене, дека треба да се разговара за содржината на тие разговори. Тоа мора да биде една од темите кога ќе се разговара за сето ова.
