Единаесетгодишно момче ранило двајца 13-годишници по расправија која започнала за време на фудбалски тренинг на Поп Ворнер во градот Апока во централна Флорида, соопшти полицијата.
Според соопштението, момчето извадило пиштол од незаклучена кутија во возилото на неговата мајка и испукало еден истрел, погодувајќи еден тинејџер во раката, а друг во торзото.
Шефот на полицијата во Апока, Мајк Мекинли, на прес-конференција рече дека на снимките од надзорните камери се гледа како и двајцата тинејџери бегаат од момчето кога почнал да пука.
„Двајцата тинејџери се во стабилна состојба“, рече Мекинли, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според него, полицајците му го одзеле пиштолот на момчето и тоа е приведено.
Момчето е обвинето за обид за убиство од втор степен и сместено во центар за проценка на малолетници, а неговата мајка може да се соочи со прекршочна пријава од втор степен затоа што го оставила пиштолот необезбеден, пренесува „Танјуг“.