Флорида ќе ги забрани социјалните мрежи за помладите од 16 години?

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

На децата и младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи без оглед на одобрението од родителите, според нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида.

Според американските медиуми, нацрт-законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на корисниците, им дозволуваат на децата да поставуваат материјали и да комуницираат со други и користат функции за зависност дизајнирани да предизвикаат прекумерна или компулсивна употреба.

Предлог-законот не се однесува на апликации кои се користат за приватни пораки меѓу поединци.

„Тие го искористуваат растењето на децата. Тоа е нивниот бизнис модел. И зошто го прават тоа? За да ги ‘држат навлечени’“, рече републиканскиот пратеник Тајлер Сироис, кој стои зад законот.

Законот беше усвоен со 106 гласа „за“ и 13 „против“, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат профилите на сите помлади од 16 години.

Предлог-законот се уште чека одобрување во Сенатот, кој исто така е под контрола на републиканците, како и во Претставничкиот дом на Флорида.

Слични содржини