Flying Huntsman Spyder 90

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Одделот Flying Huntsman на Kahn го најавува Spyder 90 со неколку слики, базирани на актуелниот Land Rover Defender 90, со цел да понуди фасцинантен, специјализиран производ.

Двоседот ќе биде изработен од лесен алуминиум, а на секој примерок ќе му бидат потребни до шест месеци за да се изгради. Работата ќе резултира со „уникатен стилски гран турер за двајца“ кој ќе добие и отстранлив покрив.

„Овој проект е повеќе од создавање на уште едно возбудливо и уникатно возило“, вели Азфал Кан, основачот на компанијата. „Тоа е и консолидација и продолжување на нашето наследство на производство на специјални возила, поддржувајќи ја британската изработка и одржувајќи ја уметноста на градење кочи жива и релевантна“.

Како што се очекуваше, првите примероци на 90 Spyder ќе започнат со производство во вториот квартал на 2024 година.

Кан планира да изгради само осум примероци од овие многу специјални возила, а секој клиент ќе има можност да дизајнира свои уникатни тркала.

Се уште нема информации колку ќе чини ова возило.