Фолксваген: 20.000 работници се согласиле доброволно да ја напуштат компанијата

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Германскиот производител на автомобили Фолксваген денес објави дека 20.000 вработени веќе потпишале договор за доброволно напуштање на компанијата, а околу две третини од заминувањата се однесуваат на преминот кон програма за предвремено пензионирање.

Компанијата со седиште во Волфсбург претходно усвои план за штедење кој вклучува елиминација на вкупно 35.000 работни места до крајот на деценијата, првенствено во германските фабрики, објавува Билд.

Отпремнините за засегнатите работници зависат од должината на работниот стаж и можат да достигнат до 400.000 евра по лице.

Слични содржини