Фолксваген под истрага поради нелегален софтвер

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Врховниот суд на Европската унија го истражува концернот за автомобили Фолксваген за употреба на илегален софтвер што блокира штетни гасови. Ова го објавија светските агенции, цитирајќи советник од судот.

Тој за Ројтерс изјави дека „софтверот што се користи за блокирање на емисиите врз основа на надворешна температура и надморска височина е нелегален и не може да се оправда дека е дизајниран за заштита на моторот“.

Доколку ова тврдење биде потврдено од Европскиот суд на правдата, тоа ќе биде уште еден удар за Фолксваген во серијата тужби поврзани со употреба на нерегуларен софтвер.

Тужбата беше поднесена од корисници во Австрија и вклучува софтвер кој го контролира вентилот за циркулација на издувните гасови од издувот на моторот. Ова ги намалува емисиите на азотен оксид, што може да предизвика респираторни проблеми кај луѓето.

Корисниците кои ја поднесоа тужбата тврдат дека станува збор за забранет уред, за што дефинитивно мора да бидат финансиски компензирани.

Софтверот го затвора вентилот на надворешни температури над опсегот од 15-33 ° C и на надморска височина од над 1.000 метри, со што се зголемуваат емисиите на азотен оксид. Кога вентилот е отворен, количината на емисии се намалува.

Според своето правно мислење, јавниот обвинител на Советот на ЕУ Атанасиос Рантос коментираше дека во декември 2020 година судот веќе одлучил дека софтверот е нелегален, дури и ако помага да се спречи стареење или затнување на моторот.

Рантос, исто така, посочува дека температурниот прозорец не е претставителен за вистинските услови за возење во Австрија и соседна Германија, бидејќи просечната температура таму е значително пониска од 15 ° С. Возилата во овие земји многу често се користат на надморска височина над 1.000 метри.

Слични содржини