Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денес го претстави предлогот на ЕК за 10-пакет санкции против Русија, кои според неа се најсилни досега.
Како што рече таа, со новиот пакет се предлага да се забрани извоз од 11 милијарди евра за индустриски производи и технологија што не може да се добијат преку трети земји, како електроника, специјализирани возила, резервни делови за камиони и авиони.
„Предлагаме забрана за извоз на 47 електронски компоненти кои се користат за беспилотни летала, ракети и хеликоптери и термални камери. Ќе направиме се за да се осигураме дека овие производи не можат да се најдат на друго место. За првпат воведуваме санкции против субјекти од трети земји. Како Иранска револуционерна гарда која ја снабдува Русија со треви. Тоа се санкции против седум ирански субјекти за да не можат да ја снабдуваат Русија“, нагласи таа.
Како што објасни таа, целта е да се убедат други компании или меѓународни трговци да не работат со Москва.
Лајен, исто така, предложи да се направи список на руски пропагандисти бидејќи, како што рече, Путин има армија пропагандисти со мрежи за дезинформација кои шират „токсични вести за поларизирање на земјите од ЕУ“.
„Сега ги имаме најсилните санкции досега и ќе направиме се за да се осигураме дека тие строго се применуваат. Воведуваме мерки за да се избегне заобиколување на санкциите. Тоа е мојата четврта точка. Ќе ги следиме олигарсите кои го кријат или продаваат својот имот за да избегнеме санкции заедно со земјите-членки „ќе направиме преглед на сите замрзнати средства на руската централна банка кои се во ЕУ. Ова е клучно за тие да ги искористат овие средства за обнова на Украина“, подвлече таа.
Фон дер Лајен најави дека специјалниот претставник на ЕУ Дејвид О’Саливан ќе контактира со трети земји за ЕУ да биде сигурна дека и тие ќе применуваат санкции, а најави дека следната недела ќе се организира и форум за координација на санкциите со европските меѓународни партнери.