Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен повторно ја сподели својата поддршка за Украина во новогодишниот телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски.
Таа на Твитер напишала: „Во првиот разговор за новата година со претседателот Зеленски, на украинскиот народ му ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година. ЕУ стои до вас, онолку колку што е потребно. Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борбата за слобода и против бруталната агресија“.
Фон дер Лајен додала дека ЕУ ќе ја поддржи Украина оваа зима со генератори и наскоро ќе започне со исплата на пакетот за поддршка од 18 милијарди евра на месечни рати.
In the 1st call of the new year with President @ZelenskyyUa, I conveyed my wholehearted support and best wishes for 2023 to the Ukrainian people.
The EU stands by you, for as long as it takes.
We support your heroic struggle.
A fight for freedom and against brutal aggression. pic.twitter.com/sKZKilUpDg— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) January 2, 2023
Украинскиот претседател Зеленски во понеделникот најави дека Украина ја чека првата транша од пакетот помош од Европската унија во износ од 19 милијарди долари во јануари, по разговорите со претседателката на Европската комисија.
Тој во твитот додаде дека Украина исто така ја чека првата „серија ЛЕД светилки за училишни автобуси, генератори и модуларни куќи“.
„Ја чувствуваме поддршката и заедно ќе победиме“, заврши Зеленски.
Glad to start the year talking to @vonderleyen. Thanked for the EU support. Waiting for the 1st tranche of macro-fin aid in Jan, the 1st batch of LED-lamps, school buses, generators & modular houses. Coordinated steps on 🇺🇦🇪🇺 Summit. We feel support & will win together.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 2, 2023