Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изрази силна поддршка за Кипар по нападот со беспилотни летала врз британската воена база во Акротири, велејќи дека ЕУ стои со своите земји-членки во услови на каква било закана.
Во објава на мрежата X, таа изјави дека разговарала со кипарскиот претседател Никос Христодулидес за инцидентот што се случил кратко по полноќ, кога беспилотно летало ја таргетирало британската база во Акротири, Кипар.
„Иако Република Кипар не била целта, да бидеме јасни: ние колективно, цврсто и недвосмислено стоиме со нашите земји-членки во услови на каква било закана“, рече фон дер Лајен.