Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да испрати истражители во Буча

од Nikola Popovski
197 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска дека Европската унија е подготвена да испрати заеднички истражни тимови во Украина за документирање на пријавените воени злосторства.

Таа напиша на Твитер по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски за „ужасните убиства на цивили во Буча и другите делови на Украина“, објави Би-Би-Си.

Тимовите ќе работат во координација со државниот обвинител на Украина, со поддршка на европската полициска агенција Европол и агенцијата за кривична правда Еуроџаст.

Телата на убиените цивили на улиците на Буча, недалеку од главниот град Киев, предизвикаа меѓународна осуда на Русија, додека Кремљ категорично ги отфрли сите обвинувања поврзани со убиствата на цивили во Буча.

Слични содржини