Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ги повика сите Европејци кои се уште не се вакцинирани против коронавирусот да го сторат тоа.
„Ги повикувам сите што можат да се вакцинираат. Тоа е единствениот начин да се заштитите себеси и другите“, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека Европската унија достигна важна пресвртница со 70 проценти од целосно вакцинираната возрасна популација, што е повеќе од 250 милиони луѓе, во 27 земји-членки.
„Пандемијата не е завршена. Мора да останеме внимателни. Затоа е неопходно да се вакцинираат уште повеќе Европејци, и тоа брзо, за да се избегнат нови бранови на инфекција и појава на нови видови“, вели Урсула фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК нагласува дека ЕУ ќе продолжи да им помага на своите партнери ширум светот во обезбедувањето доволен број вакцини.
„Ќе ја победиме оваа пандемија само ако ја победиме на секој агол на планетата“, заклучи таа.