60
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Израел има право да се брани, а Иран не може да има нуклеарно оружје.
Фон дер Лајен, додека беше во Канада за самитот на Г7, изјави дека разговарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека со длабока загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток.
„Ја повторив нашата посветеност на мирот, стабилноста и дипломатските напори што водат кон деескалација. Во овој контекст, подвлеков дека Израел има право да се брани. Иран е главен извор на регионална нестабилност. Европа отсекогаш била јасна – Иран никогаш не може да се здобие со нуклеарно оружје. Постои итна потреба од договорено решение“, рече фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.