Безбедноста во арктичкиот регион останува клучен приоритет за Европската Унија, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразувајќи солидарност со Данска и Гренланд.
„Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од фундаментално значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот“, напиша фон дер Лајен на својот X профил, откако новоназначениот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри, рече дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.
Претходно, во заедничка изјава, премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, го повторија барањето за почитување на нивните граници.