Фон дер Лајен: По смртта на Хамнеи има обновена надеж за народот на Иран

„Јордан е драгоцен партнер за Европа во регионот и ќе игра клучна улога во претстојниот период“, додаде таа

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Европска Комисија

„Тукушто разговарав со кралот Абдула II од Јордан. Ние сме во целосна солидарност со Хашемитското Кралство Јордан по вчерашните ирански напади. Со заминувањето на Хамнеи, има обновена надеж за народот на Иран. Мора да се осигураме дека иднината е нивна за да ја бараат и обликуваат“, напиша денеска Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“.

Таа додава дека во овој момент постои реален ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилства и дека ЕУ тесно соработува со сите клучни актери и регионални партнери за заштита на цивилните животи.

„Јордан е драгоцен партнер за Европа во регионот и ќе игра клучна улога во претстојниот период“, додаде таа.