Фон дер Лајен: Сакаме Западниот Балкан и Украина да влезат во ЕУ, веќе не може да има сиви зони во Европа

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија сака Западниот Балкан и Украина „да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат на европското семејство“.

„Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот“. И тоа е она кон целат Путин и другите автократи. И овде луѓето разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи“, рече Фон дер Лајен на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Според неа, процесот на пристапување во Европската унија, кој во моментов постои, е исклучително важен чекор и веќе „не може да има сиви зони“ во Европа.

Слични содржини