Фон дер Лајен за изјавата на Орбан: Тоа е расна дискриминација

од Берта Китинска
186 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска истакна дека „расната дискриминација” е спротивна на вредностите на ЕУ, одговарајќи на прашањето поврзано со изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за „мешање на расите”.

Иако експлицитно не ги осуди изјавите на унгарскиот лидер, кои предизвикаа револт пред се во Вашингтон, Фон дер Лајен потсети дека „сите земји-членки на ЕУ, вклучително и Унгарија” треба да ги почитуваат заедничките универзални вредности за кои не се „преговара”.

Слични содржини