167
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, ги повика земјите да ги забрзаат активностите поврзани со климатските промени, во денешното обраќање на климатскиот самит на Обединетите нации COP27 во Шарм ел Шеик.
-Глобалната криза со фосилните горива мора да биде адут за да се сврти играта. Затоа, да не одиме по „автопатот кон пеколот“, туку да заработиме чист билет за рајот – рече таа, алудирајќи на забелешките на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во понеделникот, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посебна изјава изјави дека Русија одлучила енергијата да ја претвори во „оружје за масовна дестабилизација“.