Фон дер Лејен денеска во Приштина: „Прашањето за табличките ќе се реши без криза“

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на турнејата низ Западен Балкан денеска престојува во Приштина, од каде вели дека се работи на решенија кои се применливи во контекст на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претседателката на Европската комисија денеска изрази уверување дека проблемот со регистарските таблички ќе се реши без криза.

„Многу е важно правилата да се јасни и мора да се почитуваат. Транзицијата се одвива како што треба и убедена сум дека ќе се најде решение“, рече таа, а пренесува „Економија онлајн“.

Фон дер Лејен рече и дека Косово одамна ги исполни критериумите за визна либерализација.

„Очигледно има напредок, Косово вредно работеше на европскиот пат, ги покажавте своите вредности кон ЕУ, но и санкциите против Русија. Вредната работа е првата точка во нашиот извештај за напредокот“, додаде фон дер Лејен на заедничка конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Урсула фон дер Лејен посетата на Западен Балкан ја започна вчера во Северна Македонија, а по Приштина утре заминува за Белград.

Слични содржини