187
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска во Киев најави воведување на 10-тиот пакет санкции против Москва во пресрет на годишнината од нападот на Украина, како и дека меѓународен центар за гонење на злосторства во Украина ќе биде основана во Хаг.
Таа вети дека Русија нема да остане неказнета за злосторствата во Украина, пренесе „Паис“.
Фон дер Лејен, која е во Киев со 15 европски комесари, се сретна со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на разговори за идната интеграција на земјата во ЕУ.