Претседателството на Шведска со Европската унија (ЕУ) ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ за поддршка на Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен.
Таа на Твитер напиша дека Шведска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во клучен момент, пренесуваат агенциите.
„Можете да сметате на мене да се залагам за вашите амбициозни цели за нашата Унија“, изјави Фон дер Лејен.
Шведска го презеде во неделата од Чешка претседавањето со Советот на ЕУ.
Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година.
Земјите-членки на ЕУ се менуваат на секои шест месеци во претседавањето со Советот на ЕУ и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на ЕУ.
Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото.