199
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е видлив во тој регион.
Фон дер Лeјен во изјава за новинарите рече дека денешната средба ќе биде интересна, бидејќи станува збор за практичен напредок на регион кој е важен за ЕУ.
„Првата тема ќе биде енергетската безбедност, а ние воспоставивме енергетски пакет. Тој предвидува 500 милиони евра што ќе ги добијат земјите од Западен Балкан за помош на нивните буџети и економија и 500 милиони евра за инвестирање во обновливите извори на енергија, енергијата на иднината“, нагласи таа.