Фон дер Лејен: 30-дневниот прекин на огнот мора да се спроведе без никакви предуслови

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, денес изјави дека целосно и безусловно 30-дневно примирје во Украина мора да се спроведе без никакви предуслови.

„Коалицијата на волните се состана денес. Го поддржуваме предлогот за целосно и безусловно 30-дневно примирје. Мора да се спроведе без никакви предуслови за да се отвори патот за значајни мировни преговори“, напиша таа на социјалната мрежа X.

Таа посочи дека ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот врз Русија доколку таа ја отфрли оваа понуда.

Слични содржини