259
Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лeјен.
Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела навлегуваат подлабоко во руската економија и дека извозот во Русија опаднал за 70%.
„700 руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го свртуваат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне за 11 отсто“, вели таа.