395
Европската комисија следниот месец ќе одговори на прашањето за кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, изјави Урсула фон дер Лејен.
Тоа значи дека Украина, чии територии беа нападнати од Русија пред повеќе од 70 дена, до средината на јуни ќе добие конкретен одговор на барањето за членство во Европската унија.
Од друга страна, не сите членки на ЕУ имаат јасен став за членството на Украина во ЕУ, а еден од аргументите што ги користат е дека во Унијата не може да се влезе по скратен пат, за што како пример ги наведуваат земјите од Западен Балкан кои чекаат членство во ЕУ со децении.
#BREAKING Brussels to give 'opinion' on Ukraine membership bid in June: von der Leyen pic.twitter.com/FY1tDgk15w
— AFP News Agency (@AFP) May 9, 2022