Фон дер Лeјен: ЕУ „ги стига“ Британците со вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Европската унија полека ја се приближува кон темпото на програмата за вакцинација во Велика Британија, тврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, одговарајќи на критиките дека вакцинацијата во ЕУ е бавна.

Недостатокот на вакцини останува голем проблем во блокот, а Белгија е последната во низата земји која предупредува на „сериозни одложувања“ во планот за вакцинација – имунизацијата на лица постари од 65 години е одложена до крајот на март.

Покрај тоа, Европејците не сакаат да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“ по неколку недели слаб публицитет и коментарите на францускиот претседател дека вакцината на компанијата е неефикасна за постарата популација.

Најновото истражување покажува дека 27 отсто од британското население ја примиле првата доза на вакцината, во споредба со шест отсто од ЕУ.

Урсула фон дер Лајен за германските медиуми изјави дека ја разбира фрустрацијата на Европејците, но дека има некои знаци на подобрување.

„Ја разбирам нетрпеливоста на граѓаните да се вакцинираат што е можно поскоро, сега кога вакцината е достапна и конечно да бидат заштитени. Ние го забрзуваме темпото. Велика Британија ги даде првите 17 милиони дози. Во ЕУ има 27 милиони“, рече таа.

Слични содржини