Фон дер Лејен: ЕУ нема да толерира агресија во Украина или во Индо-Пацификот

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен, денеска изјави дека Европа нема да толерира „агресија во Украина или во Индо-Пацификот“ и го потврди европското признавање на одлуката на судот на ОН од 2016 година, која не ги признава наводните експанзивни барања на Кина во Јужното Кинеско Море.

За време на нејзината официјална посета на Филипините, прва на највисоко ниво во речиси 60-годишните односи на ЕУ со таа земја, таа истакна дека ЕУ е подготвена да ја зајакне соработката со Филипините со цел да се зајакне регионалната поморска безбедност преку „споделување информации, оценување на заканите и зајакнување на крајбрежната стража на Филипините“, пренесува АП.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор, Фон дер Лејен ја истакна потребата од безбедносна соработка, наведувајќи ја руската инвазија на Украина, која „покажа колку авторитарните лидери се подготвени да дејствуваат на заканите“.

Слични содржини