Фон дер Лејен: Импресивно е да се види како Украина се реформира

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја охрабрува Украина да спроведе понатамошни реформи на патот на земјата кон членство во НАТО и во Европската унија.

Фон дер Лејен понуди да работи многу интензивно со Украина на неопходните реформи, кои се многу потребни, на реформите, на пример, во борбата против корупцијата или зајакнувањето на институциите. Реформите во тие области се предуслов за влез и во ЕУ и во НАТО, рече таа, пофалувајќи ги напорите на Киев во последните месеци.

„Импресивно е да се види темпото со кое Украина се реформира додека води дефанзивна битка против Русија. ЕУ, исто така, помага да се зголеми производството на муниција за да ѝ помогне на Украина и да ги надополни резервите во блокот“, додаде Фон дер Лејен.

Слични содржини