Фон дер Лејен: Нема докази дека помошта за Палестинците завршува со Хамас

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Европската комисија (ЕК) во вторникот објави дека ја завршила анализата на развојната помош за Палестинците и дека нема докази дека таа завршува кај исламистичката група Хамас.

По терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, ЕК најави дека ќе провери каде оди развојната помош за Палестинците бидејќи се појавија сомневања дека дел од неа завршува во рацете на Хамас.

„Проверката покажа дека заштитните мерки се ефективни. Сега работиме на дизајнирање на нашата идна поддршка за Палестинците“, рече претседателката на извршната власт на ЕУ, Урсула фон дер Лејен.

ЕК посочува дека ги проверува дополнителните информации од сите корисници на грант помош и дека во исто време продолжува да испраќа помош до организациите кои ги дале бараните појаснувања и уверувања дека се почитуваат заштитните мерки за помошта да не заврши во погрешни раце.

Слични содржини