Фон дер Лејен: Планот за Западен Балкан е на цврсти финансиски основи

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, зборувајќи за ревизијата на повеќегодишната финансиска рамка за која лидерите на ЕУ неодамна се договорија на самитот на Европскиот совет, денеска изјави дека ѝ е „многу мило“ што Планот за раст за Западен Балкан сега е на „цврста финансиска основа“.

Фон дер Лејен најголемиот дел од својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур го посвети на протестите на земјоделците од цела Европа и рече дека ќе предложи да се повлече предлогот за намалување на употребата на пестициди.

Таа истакна дека големо внимание од самитот на Европскиот совет е посветено на одлуката на ЕУ да одвои 50 милијарди евра за помош на Украина и дека со одобрение од пратениците на ЕУ, важни исплати за Киев ќе бидат извршени веќе во март.

Слични содржини