213
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен повика на поголема отвореност и реципроцитет при извозот на вакцини против КОВИД-19.
За италијанскиот дневен весник „Ла република“ зборуваше за моменталните несогласувања на Европската унија со Велика Британија и Соединетите држави околу испораката на вакцините, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
„Ние бараме поголема отвореност, бидејќи Европа е меѓу регионите во светот што извезува најмногу вакцини, но потребен е реципроцитет“, рече Фон дер Лејен.
Таа потврди дека ЕУ е во контакт со Велика Британија за извоз на вакцини, но одби да даде детали за разговорите со премиерот Борис Џонсон.