234
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен денеска пристигна во Киев за да разговара за амбициите на претседателот Володимир Зеленски да стане кандидат за членство во ЕУ, пренесе АФП.
Ова е второ патување на фон дер Лејен во Киев, претходно во април.
„Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал. Ќе ја анализираме заедничката работа потребна за обнова на земјата, како и напредокот што го постигна Украина на нејзиниот пат кон Европа“, изјави Фон дел Лејен за новинарите.
Киев очекува да добие зелено светло за влез во Европскиот совет на 23 и 24 јуни.