157
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посетат Кина од 5 до 7 април, соопшти денеска кинеското министерство за надворешни работи.
Министерството објави дека кинескиот претседател Си Џинпинг планира да разговара со Макрон за билатералните односи, продлабочувањето на соработката и важните светски прашања.
ЕК објави дека Фон дер Лејен ќе се сретне со Макрон на работен ручек во вторник, пред да отпатуваат заедно во посета на Кина.