Фонд од ОАЕ планира да ја купи британската филијала на „Silicon Valley Bank“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја разгледува можноста да ја преземе британската филијала на „Silicon Valley Bank“ по нејзиниот банкрот кој се случи неделава, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истите извори наведуваат дека фондот Royal Group, со кој претседава советникот за национална безбедност на ОАЕ, шеикот Танун бин Зајед Ал Нахјан, размислува за потенцијално откупување преку една од нејзините филијали.

Настаните во британската филијала на „Silicon Valley Bank“ се прелеваат во технолошкиот сектор во земјата, предизвикувајќи загриженост кај стартапите и фирмите за ризичен капитал за губење на пристапот до средствата кои главно доаѓаат од заемодавачите.

Потенцијалното преземање на банката од страна на фирмата на шеикот Танун ја нагласува растечката финансиска моќ на Абу Даби во глобалните прашања и потсетува на 2008 година, кога најбогатите монархии во Заливот купија удели во западните бајки, како што направи Ситигруп, наведува Блумберг.

Агенцијата наведува дека шеикот Танун е меѓу најважните фигури на кралското семејство од Абу Даби кога е во прашање бизнисот и дека покрај улогата на претседател во Кралската група, тој претседава и со фондот АДК, како и со Банката на Абу Даби.

Минатата недела беше назначен за претседател на инвестицискиот фонд „Investment Authority“, вреден 790 милијарди долари.

Слични содржини