За ставањето на Русија на одржлив пат на развој е потребно преродба на демократските институции и политичката конкуренција, престанок на прекумерната централизација на власта и откажување од конфронтација со Западот. Ова се препораките содржани во извештајот “Вредностите на перестројката во контекст на современа Русија”, подготвен од Фондацијата “Горбачов” и Комитетот за граѓански иницијативи. Текстот ќе биде претставен денеска по повод 30-годишнината од почетокот на демократските промени во поранешниот СССР, соопшти агенцијата “Интерфакс”.

Перестројката е “недовршена револуција”, велат уште авторите. Тие сметаат дека една од главните предуслови за реформите во пролетта 1985г. беше осмислување на функциите на власта како средство, а не како некоја сакрална намена. Затоа меѓу успесите наведени од Фондацијата, се “институционализација на изборите како демократска вредност, алатка за формирање на власта и нејзината промената преку слободно гласање на граѓаните”.
Меѓу неуспесите се наведени граѓанскиот конфликт од 1993 год., кога претседателот Борис Елцин испраќа тенкови против парламентот, војната во Чеченија и самоволието на криминалните кругови. Во комбинација со разочарувањето од економските реформи по банкротот на Русија во авгст 1998. сето тоа ја “зајакна желбата на јавноста за враќање кон авторитарна држава и железна рака, воведување ред во земјата”.
Од Меѓународната фондација за социо-економски и политологични истражувања, како што е полното име на фондацијата, сметаат дека во последните 15 години во Русија се преродија елементи на “мртвиот” советскиот политички систем, се запрени реформите во името на стабилноста и контролниот пакет на власта и сопственоста се концентрирани во рацете на новиот владејачки слој “.
Резултатот е дискредитација во очите на населението на институтите на демократијата, потпирање исклучиво на приходи од извоз на суровини, што го попречува развојот на економијата, и централизација на државните ресурси и власт. Политичката конкуренција е практично искоренета, а сите позначајни медиуми поминале под контрола на државата, продолжуваат авторите. Конечно, Русија и Западот се приближуваат кон опасната граница на противење, нова студена војна и ескалација на меѓународните конфликти.
По оваа критика на режимот на Владимир Путин авторите предупредуваат дека под сегашните трендови “во ерата на глобализацијата Русија ќе биде осудена на хронично заостанување” и претстои “длабока дестабилизација на системот”.
Авторите ја повикуваат земјата да се врати кон вредностите на перестројката, за да се опорави и “изгубената демократска алтернатива во Русија”. Тие сметаат дека е неизбежно извршувањето на длабоки демократски реформи и ги посочуваат најимперативните од нив: слободни избори, федерализација, правна држава, социјална демократија и само-организирање на општеството.