Фондацијата Сорос има позитивен удел во развојот на независна Македонија, рече премиерот

од Nikola Popovski
296 прегледи

Фондацијата Сорос од првиот ден на нашата држава има позитивен удел во развој на независна Македонија. Јас ќе ви кажам еден податок, кој може да се провери и во Народната банка, кога ние станувавме независна држава и кога нашите резерви беа нула и кога тековната сметка е еднаква е нула, првиот „бриџбонд“ кој што Македонија го добива е токму од фондовите на Сорос, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски за присуството на претседателот на Фондацијата, Александар Сорос на неформалната вечера пред одржувањето на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан.

Премиерот истакна дека првите интернет домени во земјава се со предзнакот на Сорос.

-Тоа е човек кој што има многу искуства со нашата држава и покажале дека помогнале на формирањето на невладините институции и развојот на демократија. Со неговото присуство на неформалната вечера кажа свое видување или она видување што негови колеги од Фондацијата го имале, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

На состанокот присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Покрај нив, на фотографијата со Сорос можеше да се забележат и претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Слични содржини