Фондацијата „Заев-Едно општество за сите“ го одбележа Меѓународниот ден на младите

од Nikola Popovski
220 прегледи

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, по повод 12 Август -Меѓународниот ден на младите, ги посети Амир Дестановски од „Дневниот центар за деца на улица“ и ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и  младиот генијалец Македон Димитровски, ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово.

-Врачувајќи им донација и честитајќи им го Меѓународниот ден на младите, им посакавме понатамошни успеси во образованието и животот. Имајќи во предвид дека Македон и Амир ги поврзува љубовта кон математиката, Фондацијата им посакува повеќе  „собирање“ (признанија) и „множење“ (успеси), отколку „одземање“ и „делење“.

Воедно, „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на сите млади во Република Северна Македонија им го честита 12 Август – Меѓународен ден на младите, со желба за квалитетен младешки живот исполнет со мноштво успеси, радости и вредности, стои во соопштението од Фондацијата.

Слични содржини