Фондот со одлука: Заради скапи материјали скратени операциите за кардиоваскуларните пациенти на приватните клиники

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници.

Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства.

Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија.

Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини