Forbes: Саудиска Арабија започнува голема нафтена војна против САД

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Саудиска Арабија го дуплира залогот во борбата против американските конкуренти, пишува магазинот Forbes. Нејзината одлука да не го намалуваат обемот на производството заради одржување на нивото на цените на глобалниот пазар ја симна  вредноста на нафтата од марката Brent и WTI под 50 $ за барел, но за да  ја “освои битката”, кралството треба да потроши уште повеќе.

20151112.kahjzkdfpw

Саудиска Арабија има намера да го удвои залогот со помош на кредити.Кралството е подготвено да излезе на глобалните пазари на хартии од вредност, за да привлече средства за голем скок во борбата против американските производители – Саудијците се канат не само да ги заштитат својот дел од пазарот, но и “да им го направат неподнослив животот” за конкурентите од САД.Саудиска Арабија позајмува пари поради финансиски тешкотии – падот на приходите од нафтениот извоз значи и буџетските ограничувања, кои го отежнуваат исполнувањето на социјалните програми. За финансискиот стрес помагаат и трошоците за воената кампања во Јемен. Победите на Саудијците не се доволно големи, како што се очекуваше. Според податоци на Baker Hughes, бројот на работните  сонди во САД е намален од 1925 до 711 и се најавува  банкрот  на околу 20 компании. Произведството на количество нафта од  шкрилци  падна за 500 илјади барели дневно во однос на врвот, но во последните 3 години е зголемено производството од 6,8 милиони на 9,1 милиони барели. Државниот врв на Саудиска Арабија не мисли да се повлекува  тврди магазинот Forbes . Таа дури има намера во наредните 5 години да ги  зголеми обврските до 50% од БДП.