Форбс: Богатството на Трамп е поголемо за над милијарда долари по атентатот

од Milan1
64 прегледи

Нетото богатство на поранешниот претседател Доналд Трамп вчера се зголеми за повеќе од милијарда долари, бидејќи акциите на Трамп Медиа – матичната компанија на социјалната мрежа „Truth Social“ – пораснаа неколку дена по обидот за атентат врз Трамп, кој поседува мнозински удел во компанијата.

Акциите на „Trump Media & Technology Group“ пораснаа за 32% на нешто помалку од 41 долар, трето најголемо зголемување на вредноста оваа година по скокот од 35% на 25 март, објави Форбс.

Вредноста на уделот на Трамп во компанијата од речиси 65% (вкупно 114,75 милиони акции), се зголеми на 4,6 милијарди долари од 3,5 милијарди колку што беше од затворањето на тргувањето во петокот.

Трамп има нето богатство од 6,6 милијарди долари, што го рангира меѓу 500-те најбогати луѓе во светот, според најновите проценки на Форбс.

Неговата нето вредност се зголеми на повеќе од 8 милијарди долари, од околу 4,1 милијарди долари кога Трамп Медиа излезе на берза на 26 март, а цената на акциите на компанијата достигна највисоко ниво од 79,38 долари. Вредноста на Трамп Медиа се проценува помеѓу 40 и 90 милиони долари.

Трамп ќе зборува во четврток на Националната конвенција на Републиканците за да ја прифати претседателската номинација на партијата за трет мандат.

Слични содржини