Ким Кардашијан официјално стана милијардерка, објави „Форбс“.
„Форбс“ денес ја објави годишната листа на светски милијардери, а за првпат на неа се најде и славната Ким Кардашијан. Тие исто така пишуваат како нејзините козметички компании „KKW Beauty“ и „Skims“ ѝ помогнале да се најде на таа престижна листа.
Ким го лансираше „KKW Beauty“ во 2017 година, а компанијата „Коти“ минатата година купи 20 отсто удел во нејзината козметичка линија со договор за кој се проценува дека вреди околу една милијарда долари. „Форбс“ додава дека нејзиниот удел во компанијата сега вреди околу 500 милиони долари.
„Форбс“ наведува дека Ким има удели во низа други приватни компании и иако точните суми не се објавени, изворот тврди дека е „тешка“ повеќе од милијарда долари. Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижнини, а исто така потпиша договор со стриминг услугата „Хулу“. Секако, не треба да заборавиме дека повеќе од 213 милиони луѓе ја следат на Инстаграм.