Американската крајбрежна стража откри две подморници во источниот Пацифик во ноември, популарно нарекувани „нарко подморници“ кои носеле кокаин кон САД, секоја по два тона наркотични средства.
Магазинот „Форбс“ верува дека тие инциденти се поврзани со заплена на брегот на Европа и проценува дека трендот на транспортот кокаин со подморниците ќе продолжи и во наредните години.
Според магазинот, подморницата пронајдена на крајбрежјето на Европа не е единствен феномен. Иако беше откриена илјадници километри подалеку, таа има јасни врски со подморниците пронајдени во Пацификот.
Сите тие подморници се всушност бродови со низок профил, направени така што тие не се забележани додека пловат плитко во водата. Тие не се вистински подморници. Нивните стаклени влакна се над површината на водата што ги прави тешко да се забележат.
Сепак, во последниве години многу се откриени, аво лов на нив понекогаш се вклучени и авиони. Инцидентите во кои се откриваат „нарко подморници“ стануваат се почести, а се повеќе се прават. Тие стануваат помали и поедноставни.
Во 2019 година беа откриени 35 подморници што носат наркотици. За споредба, 16 беа откриени во 2017 година и само две во 2013 година.
Сепак, според Форбс, повеќето од нив стигнуваат до своите дестинации. Проценките се дека има околу 900 такви подморници годишно.
Тоа значи дека околу илјада тони кокаин се транспортираат од Колумбија во Мексико секоја година, од каде потоа во САД. Помали, но не и незначителни количини, го преминуваат Атлантикот. Форбс проценува дека и покрај заплената, трендот ќе продолжи и во следната година.