Форд ќе инвестира 315 милиони долари во една од своите фабрики во Велика Британија

од Milan1

Автомобилскиот гигант Форд ќе инвестира 315 милиони долари во една од своите фабрики во Велика Британија за производство на компоненти на електрични возила, што ќе даде огромен поттик за автомобилската индустрија, јави ДПА.

Компанијата соопшти дека фабриката во Хејлвуд на Мерсисајд, во близина на Ливерпул, ќе се „трансформира” за да изработува електрични системи за идните целосно електрични патнички и комерцијални возила на Форд во Европа.

Хејлвуд ќе биде првото место за составување електрични возила на Форд во Европа, со производство почнувајќи во 2024 година – и овој потег ќе обезбедува стотици работни места. Форд се обврза дека сите патнички возила ќе бидат целосно електрични и две третини од комерцијалните возила ќе продаваат целосно електрични или хибридни погони до 2030 година.

Се очекува производството во Хејлвуд да почне во средината на 2024 година, со капацитет од околу 250.000 единици годишно.

Слични содржини