Форд ќе инвестира 4,5 милијарди долари во производство на хибридни и електрични возила

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Американскиот производител на автомобили „Форд“ има намера да инвестира 4,5 милијарди долари во програма чија цел е во иднината електричните и хибридните возила да сочинуваат 40 отсто од целокупната понуда на оваа компанија на пазарот.

3ba8ca5bbe45b940c42b08e2936f594cde8b4072

Оваа инвестиција означува раст од 13 отсто во однос на досегашната програма на инвестирање во хибридните и електричните возила.

Со новата програма се предвидува во фабриките на Форд до 2020 година да се развијат 13 различни хибридни и електрични возила.

Покрај програмата за инвестирање, компанијата се пофали и со новиот модел на електричен Форд Фокус, чии батерии по половина час полнење ќе бидат на 80 отсто од капацитетот, што е за два часа побрзо полнење од досегашниот модел.

Кај новиот модел растојанието со едно полнење на батеријата изнесува 161 километар, додека кај стариот изнесуваше 122 километри.