217
Компанијата Ford Motor објави дека следната недела ќе го прекине производството во својата фабрика во Флет Рок, каде што склопува автомобили Mustang, поради недостаток на полупроводнички чипови.
Ford, вториот по големина производител на автомобили во САД, претходно објави дека планира да го прекине производството во таа фабрика за два дена оваа недела, пренесе Ројтерс.
Од компанијата наведуваат дека произвеле околу 53.000 возила, но дека не ги испорачале бидејќи ги чекаат завршните делови кои доцнат поради недостиг на чипови.