Ford Motor формира нов производствен погон кој ќе се фокусира на карактеристиките на полуавтономните возила и ќе вработи дел од работниците од својата поранешна подружница Argo Al..
Единицата во целосна сопственост, позната како Latitude AI, ќе биде со седиште во Питсбург, поранешниот дом на Argo, се вели во соопштението, цитирано од Bloomberg.
Новата единица ќе се фокусира на „развој на автоматизирани системи за возење без раце и очи, за милиони возила“, рече порачаа од Ford.
Производителот на автомобили ќе вработи околу 550 работници од Argo. Работниците ќе се фокусираат на технологијата како BlueCruise, функција за возење без раце, за која се вели дека поминала повеќе од 60 милиони километри.
„Огромното искуство и талентот на нашиот тим на Latitude ќе ни помогнат да го забрзаме развојот на сосема нова технологија за автоматско возење“, рече Даг Филд, главен службеник за развој на напредни производи и технологија на Ford.
Ford и Volkswagen го турнаа Argo откако утврдија дека ќе биде потребно премногу долго за да се повратат милијардите што ги инвестираа во стартапот. Ford минатата година отпиша 2,7 милијарди долари од својата инвестиција.
Колапсот на Argo покажа како ставовите за технологијата за самоуправување брзо се менуваат, а идејата „роботи“ целосно да го контролираат возилото во преоптоварен градски сообраќај стана далечен сон.
Argo додаде дека Latitude ќе се фокусира на речиси автоматизирана технологија која им помага на возачите, но не ги заменува целосно со роботи.