Ford продаде речиси 2 милиони автомобили во САД минатата година

од Vladimir Zorba

Американскиот производител на автомобили Ford објави дека минатата година продал речиси два милиони возила во Соединетите Американски Држави, што претставува раст од 7,1 отсто во однос на претходната година.

Според резултатите од вкупната продажба во САД, компанијата заврши на третото место, зад Toyota и General Motors, пренесува CNBC.

„Во година полна со предизвици, од штрајкови на работниците до проблеми со снабдувањето, нашата неверојатна постава на бензински, електрични и хибридни возила и нашите фантастични дилери испорачаа солиден раст и продажен момент. Имаме производи што ги сакаат клиентите“, рече извршниот директор на Ford, Џим Ферли во изјава.

Растот на продажбата на Ford во САД и натаму е помал од просечниот раст на целата автомобилска индустрија, која годишно скокна за 12,3 отсто.

Слични содржини