Американската автомобилска компанија Форд планира да го претстави на пазарот својот прв целосно самоуправувачки автомобил до 2021 година.
Како што посочуваат од концернот, развојот на беспилотни возила ќе биде целосно автономен, во нив не се предвидува да има волан или педали.
Отпрвин од Форд планираат да обезбедат такви автомобили на такси компании како Uber и Lyft. Продажбата на приватни сопственици се планира за подоцна. Според шефот на Форд, Марк Фијлдс, до крајот на следната година ќе бидат зголемени двојно – до 300 лица, вработените во истражувачкиот центар во Калифорнија, каде се развива проектот.
Слични проекти веќе се реализирани од голем број на компании, вклучувајќи ги Tesla и Lyft. Претставници на Google, исто така, објавија дека развиваат свое самоуправувачко возило.
Автомобилот може да биде готов до 2017 година и ќе се управува од компјутер, без помош на водич.